Makedonija Soobrakaj A.D.
Авто школа

Нашата работа се вреднува со најдобри оцени повеќе од 4 децении како во Скопје така и низ цела Македонија. Елaнот со кој работиме и искуството кое го поседуваме прават и понатаму да се развиваме и бидеме уште подобри.

Нашата Авто школа ќе Ви ги пружи сите можности и комфор да возите и учите во безбедни и квалитетни автомобили со континуирано внимание и совети од нашите инструктори и предавачи.

  • Имате можност за избор на квалитетна теоретска и практична настава, како и термини за обука,
  • Организирано постапка за добивање лекарско уверение,
  • Можност за плаќање на повеќе рати,
  • Обука за Б и Д категорија на моторни возила од Програмата на МЕРЦЕДЕС.

Сите возила се климатизирани и со целосна дополнителна опрема. Во цената на обуката се вклучени и предавања од областа на сообраќајните правила и прописи од страна на стручен предавач. Нудиме обука за категорија Б и Д, но и посредуваме за обука и за останатите категории и поткатегории.


Потребни документи за обука за Б категорија (36 часа мото обука):

  • Лекарско уверение со старост не повеќе од 18 месеци
  • Важечка лична карта

Потребни документи за обука за Д категорија (16 часа мото обука):

  • Лекарско уверение со старост не повеќе од 18 месеци
  • Важечка лична карта
  • Фотокопија од важечка возачка дозвола

Повелете посетете не!
Аранжмани

Нашата туристичка агенција нуди голем број на аранжмани.
прочитај повеќе »
Aвтобуски превоз

Патувајте брзо и безбедно со Македонија Сообраќај.
прочитај повеќе »
Хотели / Апартмани


Погледнете ги објектите со кои располагаме.

прочитај повеќе »

 

Контакт

За подетални информации контактирајте не...
прочитај повеќе »

© 2011 | Македонија Сообраќај | Сите права се задржани.

Designed & developed by Artisoft.